Буфон: Да не се занесуваме, се уште сме втори

Јувентус ја покажа својата класа играјќи одличен меч и триумфирајќи со 0-1 на големото дерби против Наполи, воедно нанесувајќи им го на „наполитанците“ првиот пораз во Серија А сезонава. Сепак, искусниот Џанлуиџи Буфон не дозволува да дојде до еуфорија во редовите на „старата дама“, потсетувајќи ги своите соиграчи дека на табелата се уште се наоѓаат зад Наполи.

Задоволен сум, но не треба да летаме во облаци. Се уште сме втори на табелата, со опасност да паднеме и на третото место доколку Интер победи. На тримфот во Неапол треба да гледаме како на почеток на победничка серија, не како на нешто еуфорично“ – изјави Буфон.

Гонзало Игуаин го постигна победничкиот погодок против својот поранешен клуб, и тоа само неколку дена по повредата на раката поради која се најавуваше дека Аргентинецот воопшто нема да може да заигра во Неапол.

„Игуаин игра во одлична форма во последно време и ќе беше вистинска штета ако не заиграше денеска. Самиот факт дека стисна заби, вчера напорно тренираше и покрај повредата, а денеска даде се од себе доволно говори за неговата посветеност за овој клуб“ – го пофали Буфон својот соиграч.

Се вчитува...