Буфон до „100“ во ЛШ: Не се пензионирам, затоа што луѓето ќе бидат тажни

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, на мечот против Монако го одигра својот 100.натпревар во Лигата на шампионите. Не можеше да го прослави на подобар начин, без да прими гол, и со триумф на својот тим од 0-2, што речиси гарантира пласман во големото финале во Кардиф.

„Мојата цел е секогаш да докажам дека заслужувам да го бранам голот на Јувентус. И драго ми е што мојата мрежа не се тресеше, но уште повеќе сум среќен поради триумфот на тимот. Се трудам напорно за да останам во добра форма и да бидам секогаш тука за мојот Јувентус. Нема да се пензионирам. Не сакам да го сторам тоа, бидејќи знам дека луѓето потоа ќе бидат тажни. Но, не сум јас најважниот, туку Јувентус. Не ми треба ниту „Златната топка“, јас единствено сакам Јувентус да застане на кровот на Европа“, изјави Џанлуиџи Буфон по триумфот над Монако.

Се вчитува...