Буфон е голем и во поразите: Го зема дресот на Роналдо за спомен

Легендарниот Џанлуиџи Буфон покажува манири на неверојатен спортист и кога ќе доживее навистина болен пораз. Тој најверојатно, како што претходно најави, ја игра последната сезона во својата богата кариера, а синоќа немаше своја вечер, откако прими три гола од Реал Мадрид, од кои долго ќе се прераскажува вториот кој на спектакуларен начин со ножички го постигна Кристијано Роналдо.

Но, и покрај тоа, Буфон по завршувањето на средбата дојде и со прегратка му честиташе на Португалецот за маестралното издание, а како што информира „Марка“, тој го побарал и дресот на Роналдо да го има за спомен. Можеби тоа беше и последниот меч на Буфон на стадионот „Алијанц“ во Торино во Лигата на шампионите.

Се вчитува...