Буфон ќе брани и 25.сезона, останува верен на „дамата“ до 2021

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон нема намера да стави крај на кариерата. И на 42 години тој брани фантастично и заслужи нов едногодишен договор од Јувентус. Џиџи Буфон се договори со раководството на „старата дама“ да продолжи да брани и во сезоната 2020/21 што ќе биде негова 25.сезона во кариерата.

Јувентус му даде можност на Буфон да избере дали сака да стави точка на фантастичната кариера и да се пресели во раководството или пак да остане и понатаму меѓу диреците. Голманот се уште се чувствува комфорно на теренот, а пензијата и „директорувањето“ во Торино го одложи најмалку за уште една сезона.

Буфон од 2001 година е во Јувентус со пауза од една сезона. Во 2018 година се пресели во францускиот првак Пари Сен Жермен, но експресно реши да се врати во Торино.

 

 

 

Се вчитува...