Буфон ќе ја враќа Парма во Серија А?

Џиџи Буфон по деветнаесет сезони минати во Јувентус и дефинитивно заминува од редовите на „старата дома“, но останува неизвесно каде ќе ја продолжи својата кариера. Се споменуваат голем број на клубови меѓу кои е и Олимпијакос, но италијанските медиуми не ја отфрлаат можноста 42-годишникот да се врати во својот матичен клуб.

Парма оваа сезона испадна во втората лига, но сака експресно да се врати меѓу најдобрите клубови во Италија, а и тоа да го направи со легендарниот голман меѓу стативите. Буфон претходно во интервју изјави дека на „Чизмата“ не би играл за друг клуб освен Парма и Јувентус па доколку не се одлучи за нов интернационалец предизвик тоа ќе биде неговата следна дестинација.

Како потсетување Буфон својата кариера ја започна во Парма, чии бои ги бранеше од 1995 до 2001 година. Со овој клуб стигна до Куп и Суперкуп трофејот во 1999 година.

Се вчитува...