Буфон наполни 42 години: Не сум стар, уште можам да бранам…

Џанлуиџи Буфон денеска го прослави 42. роденден, но ветеранот не ни помислува да стави крај на кариерата. Договорот со Јувентус му истекува на крајот на сезонава, но Буфон очекува да брани уште најмалку една сезона.

„Се додека сум здрав, додека не се чувствувам стар, ќе продолжам да бранам. По одредена возраст, веќе треба да ја прифатите реалноста дека не сте „ѕвезда“. Треба да се задоволите што сте тимски играч, да играте добро кога ќе ви се укаже шанса, но пред се да бидете среќна личност. Не знам што ќе се случува до април или мај, но ако се чувствувам како денеска, во топ-форма и без проблеми со повреди, сигурно ќе ја продолжам кариерата“, изјави Буфон.

Тој очекува и неизвесна трка за скудетото, иако Јувентус во моментов има три бода предност во однос на Интер.

„Не сум изненаден од Интер, знаејќи го нивниот тренер знам дека ќе се борат до самиот крај. Лацио исто така е одличен тим, кој згора на тоа нема да игра европски средби до крајот на сезонава. Како и да е, судбината е во наши раце, притисокот ќе го направи тимот уште посилен“, прокоментира искусниот голман на „старата дама“.

Се вчитува...