Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон смета дека оваа година неговиот клупски колега Килиан Мбапе треба да ја освои „Златната топка“.
Буфон вели дека Мбапе има квалитети кои ретко ги видел некогаш во кариерата…
„Мбапе е феномен. Во Италија го споредуваат со Баџо, Тоти или Дел Пјеро, но има талент кој ретко сум го видел во кариерата. Поради неговите квалитети, поради она што го прави на терен и поради тоа што го направи на Мундијалот во Русија тој ја заслужува ‘Златната топка’“ – вели Буфон.
Секако, Мбапе е еден од кандидатите за „Златната топка“ која ќе биде доделана на 3. декември. Најголем фаворит за истата е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА