Буфон потпишува за ПСЖ, ќе заработува 7 милиони евра по сезона

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон го одигра последниот меч во дресот на Јувентус, но нема да ја заврши својата богата кариера. Тој ќе потпише двегодишен договор со францускиот првак Пари Сен Жермен и ќе се пресели на „Паркот на принцовите“. Како што информираат француските медиуми, ќе заработува 7 милиони евра по сезона и ќе се обиде да стигне до трофејот што му недостига, пехарот од Лигата на шампионите.

Тој минатата сезона со Јувентус беше дел од финалето, но не успеа да ја прескокне последната пречка, откако во финалето славеше Реал Мадрид. Пари Сен Жермен има големи амбиции во елитното европско клупско натпреварување, и, покрај астрономската плата, тоа е главната причина за Буфон да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Се вчитува...