Буфон со поздрав до Тоти: Заедно израснавме, се радувавме и плачевме…

Повлекувањето на Франческо Тоти го одбележа изминатиот викенд во Серија А, а една од бројните честитки на адреса на асот на Рома пристигна и од Џанлуиџи Буфон. Ветеранот кој долги години му беше ривал на Тоти на клупски план, но и репрезентативен колега во таборот на „аѕурите“, му посака на својот пријател се најдобро при следните ангажмани во животот.

„Заедно израснавме. Играме еден против друг како ривали, славевме заедно и плачевме заедно. Имај убав живот Франческо – без оглед кој пат ќе го избереш и кој ќе ти биде следниот предизвик“ – му порача Буфон на својот пријател.

Буфон и Тоти беа меѓу најзаслужните за титулата светски првак што Италија ја освои на СП 2006, кога во големото финале триумфираше над Франција.

Се вчитува...