Низ последните денови од летниот преоден рок, екипата на Воска спорт промовираше уште еден младински репрезентативец, 20-годишниот Бујар Хајдари.
Хајдари во охридскиот прволигаш доаѓа од редовите на албанскиот суперлигаш Влазнија, а претходно во кариерата настапуваше и за екипата на Скопје.
„Со задоволство ве известуваме дека постигнавме договор со скопскиот напаѓач, Бујар Хајдари. Станува збор за 20-годишен фудбалер, кој неодамна беше дел од составот на Влазнија во албанската Суперлига. Откако истиот го раскина договорот со тимот од Скадар, имаше понуди од Косово и Македонија, но на крајот реши да ја прифати нашата понуда. Потпишавме едногодишен договор со Хајдари, кој минатата сезона во Првата македонска фудбалска лига одигра 27 натпревари во дресот на Скопје, постигнувајќи и шест гола“ – се вели во официјалната информација од ФК Воска спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА