Бујар Ислами е нов тренер на Ренова

Бујар Ислами е нов тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Ренова. Тој на клупата на Ренова ќе го замени Никола Илиевски – Џиџи кој го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Ислами го водеше Велазерими, а преминува во поранешниот македонски шампион кој по заминувањето на дел од првотимците во следната сезона ќе гради нов тим.

Бујар Ислами веќе еднаш беше дел од тимот на Ренова, каде работеше како помошник.

Се вчитува...