Бујчевски, ново засилување за нападот на Силекс

Македонскиот прволигаш Силекс продолжува со реновирањето на составот за новата сезона во домашниот шампионат. Најново засилување кое пристигна во Кратово е напаѓачот Антонио Бујчевски. Тој минатата сезона го носеше дресот на Пелистер, а се очекува да биде ударна игла во навалната линија на кратовскиот тим за наредната натпреварувачка сезона.

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, тргна во комплетно реновирање на тимот ова лето, и веќе успеа да доведе неколку квалитетни, но и млади и талентирани имиња.

Бујчевски е искусен прволигашки фудбалер, копј во својата кариера играше и во Вардар, Ренова, Металург, а го носеше дресот и на Тетекс и Еуромилк.

Се вчитува...