Букер со 52 поени за голема победа на Феникс во битката за плеј-оф (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс санс стигнаа до голем триумф во битката за плеј-оф во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс со 111-124.

Неверојатниот Девин Армани Букер го водеше својот тим до победа со 52 поени. Кај поразените недоволни беа 30 поени на Зајон Вилијамсон.

Boстон селтикс продолжија со својата доминација на Истокот откако синоќа славеа и на гостувањето кај Шарлот хорнетс со 104-118. Тејтум и Хаузер со по 25 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените 26 постигна Мајлс Бриџис.

Во останатите мечеви од синоќешната пoнуда: Орландо – Портланд 104-103, Индијана – Бруклин 133-111, Детроит – Мемфис 108-110 и Чикаго – Атланта 101-113.

Се вчитува...