Бундес-лигата означи крај – Кил шампион, добра вест за Мартин Томовски

Уште еден ракометен шампионат и официјално заврши денеска откако беше објавено дека Бундес-лигата нема да се доигра. Челниците на лигата и на Германската Ракометна Федерација во изминатите денови имаа конференциски разговори со претставниците на 36 клубови, при што беше донесен едногласен став – дека не постојат услови за продолжување на сезоната.

Она што е најважно, Кил е прогласен за првак на Германија, откако „зебрите“ во моментот на прекинот на сезоната се најдоа на чело на табелата, со два бода предност, но и натпревар помалку во однос на второпласираниот Фленсбург.

Добра вест пристигна и за македонскиот голман Мартин Томовски, кој сезонава дебитираше во Бундес-лигата на голот на Лудвигсхафен. Неговата екипа беше претпоследна, но денеска беше одлучено да нема испаѓање од елитното друштво, а Бундес-лигата ќе се прошири за два тима од следната сезона, со влегувањето на двете најдобри екипи од Втората лига, Кобург и Есен.

Се вчитува...