Бускетс го пропушта Атлетико Мадрид

Серхио Бускетс се повреди за време на настапите за шпанската репрезентација, а лекарскиот тим на Барселона по извршените прегледи утврди дека станува збор за истегнување на надворешниот страничен лигамент на левото колено.

Повредата не е премногу сериозна, но времето на рехабилитација е индивидуално кај секој играч. Сепак, тој сигурно ќе го пропушти претстојниот дерби-дуел со Атлетико Мадрид што ќе биде на програмата в сабота.

Бускетс сезонава одигра осум натпревари како стартер, вкупно 10, од кои 7 во Ла Лига и 3 во Лигата на шампионите. Со шпанскиот национален тим, Бускетс играше на натпреварите од Лигата на нации против Германија и Швајцарија, како и на пријателскиот натпревар против Португалија, минувајќи на теренот вкупно 208 минути.

Се вчитува...