Бускетс назад во составот на Барса за дуелот со Рома

Фудбалерот за врска на Барселона Серхио Бускетс, е „фит“ за првата четвртфинална пресметка против Рома во Лигата на шампиони. Шпанецот заработи ситна повреда на десната нога на реваншот против Челси пред дваесетина дена, но медицинскиот тим му даде „зелено светло“ за настап.

Бускетс во целост го одработи денешниот трениг со првиот тим и ќе биде уште еднаш прегледан пред Валверде да одлучи да го стави во стартните 11 за првиот дуел со „римската волчица“, кој се игра во среда на „Кам ноу“.

Се вчитува...