Бутел бара одмазда за Еурофарм Пелистер 2 против австриска Алпла Хард

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел го доби за противник ќе ја има австриска Алпла Хард во 2. квалификациско коло за новата сезона во најмасовното европско ракометно натпреварување, Лигата на Европа.

Интересно е тоа што Австријците во првото коло играа против уште еден македонски ривал, Еурофарм Пелистер 2 кој успешно го поминаа. Австријците на првиот натпревар ќе бидат домаќини, додека во вториот меч Бутел ќе ги вгости во Скопје.

Првите натпревари ќе се играат на 27. септември, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Победникот од двомечот ќе се пласира во групната фаза во Лигата на Европа, каде веќе место има македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер 2.

Се вчитува...