Бутел го доби „малото скопско дерби“ против Пролет

Ракометарите на Бутел славеа на домашен терен со 23-17 во „малото скопско дерби“ против Тинекс Пролет како дел од 10. коло во плеј-офот од Суперлигата.

Првиот дел од натпреварот помина во израмнета игра на двете страни, во која одбраните доминираа, а домаќините на пауза заминаа со минимална предност од 10-9. Во вториот дел бутелчани одиграа за нијанса подобро што на крајот беше доволно за конечен триумф од 23-17.

Ѓеоргиевски и Мојсов со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените исто така со пет гола заврши Доне Мајнов.

Се вчитува...