Бутел се засили со Србинот Давидовиќ… (ФОТО)

Српскиот пикер Вељко Давидовиќ е нов член на РК Бутел од Скопје.

Тој се обврза на едноипол годишна верност и ќе ги брани боите на ракометниот суперлигаш кој е многу блиску до пласман во плеј-офот во Суперлигата. Заедно со Бојан Спасовски и Кристијан Василевски ќе го сочинуваат триото кружни напаѓачи во ростерот на Игор Котевски.

Станува збор за играч што има искуство и во АОБАЛ лигата каде беше член на славната Бидасоа Ирун. Во текот на кариерата играше и за Младост Чачак, Раднички Крагујевац, Пролетер и Ланцароте. Во Скопје доаѓа од Слога Пожега, а има искуство од настапи во Челинџ Купот.

Се вчитува...