Бутел убедлив во Богданци

Ракометарите на Бутел забележаа убедлива победа од 18-32 на гостувањето против Младост Богданци. Гостите од Скопје во ниту еден момент не дозволија победата да им биде доведена во прашање, го отворија натпреварот со 1-5 и потоа го контролираа резултатот до самиот крај.

На одмор се замина со водство на „бутелци“ од 8-13, за отпорот на домашниот состав да биде целосно скршен во второто полувреме. Бутел тргна фуриозно на стартот од вториот дел, набрзина поведе со 9-19, за до крајот предноста да биде искачена до конечните „плус 14“.

Сулима со осум и Божиновски со седум гола беа најефикасни во редовите на Бутел, додека прв стрелец на Младост при вечерашниот пораз беше Роглев со пет погодоци.

Се вчитува...