Чаби Алонсо: Реал Мадрид и јас? Тоа е една силна врска

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, во најава за натпреварот кој неговиот тим го игра во седмото коло од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, зборуваше и за потенцијална преселба во Реал Мадрид.

Погодно се совпадна Чаби Алонсо, кој долго време се гледа како кандидат да седне на клупата на трофејниот клуб, се најде во Мадрид и практично истиот ден да излезе веста дека Карло Анчелоти ќе ја заврши мисијата во Реал на крајот на сезоната. Сепак, шпанскиот тренер на клупата на Леверкузен не кажа ништо поконкретно.

„Прашање за Реал? Реал Мадрид и јас имаме силна врска, тоа е апсолутно јасно. Но, јас сум мирен, мојот фокус моментално е на Баер. Тоа е во мојата глава“, изјави Алонсо.

Се вчитува...