Чаби Алонсо сака поранешен играч на Ливерпул да биде замена за Енцо

Преодниот рок во Англија заврши вчера на полноќ, но управата на Челси се уште е активна и празнината по заминувањето на Енцо Фернандес планира да ја пополни со играч на еден од најголемите конкуренти.

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, на неверојатен начин остана без планираното засилување Ламин Камара кој требаше да биде замена за Енцо Фернандес кој пак потпиша за Манчестер сити.

Монако прво ја прифати понудата на Челси од 55 милиони евра, но во последните минути од преодниот рок го стопира трансферот надевајќи се дека Балогун ќе потпише за Евертон. Но, Американецот не ги помина лекарските прегледи, a веќе беше доцна за да се реализира трансферот на Камара во Челси.

Според англиските медиуми, Сините го контактирале Џорџињо Вајналдум кој моментно е без клуб и кој треба да биде замената за Енцо.

 

 

Вајналдум кој има 35 години, е слободен играч и поради тој податок Челси може да го ангажира иако предниот рок во Англија е затворен.

Вајналдум најдобрите години од кариерата ги помина во редовите на големиот ривал на Челси, Ливепул, а во кариерата го носеше дресот и на Феенорд, Њукасл, ПСЖ и Ал-Етифак, додека за холандската репрезентација одигра 90 натпревари.

Најсветол момент во кариерата на Вајналдум е триумфот во Лигата на шампионите во 2019 година.

Се вчитува...