Чаби Алонсо остави зад себе извонредна играчка кариера, а сега Шпанецот импресивно ги прави и првите чекори како тренер. Тој доби шанса во У13 екипата на Реал Мадрид, која ја претвори во неверојатна машинерија, па на неколку кола до крајот ја осигура титулата со импресивен скор од 22 победи и само едно реми.
Станува збор за мали деца, но начинот на кој играл неговиот тим придонеле Алонсо да добие понуда од следната сезона да работи и со повозрасни генерации во младинската академија на Реал. Неговиот професионализам бил на највисоко ниво, како што впрочем беше случај и додека беше играч, па весникот „Марка“ тврди дека неколку шпански прволигаши сериозно размислуваат да му испратат понуда за ангажман за наредната сезона во „Ла Лига“.
Челниците на Реал во Чаби гледаат бројни сличности со Зинедин Зидан и сакаат тој токму во Мадрид да се развие како тренер, пред да добие шанса со првата екипа на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА