Чаби Алонсо тренер на Челси до 2030 година

Има договор. Чаби Алонсо седнува на клупата на Челси. Веднаш по финалето на ФА Купот и поразот од Манчестер Сити, „сините“ го договорија Шпанецот да им биде нов предводник.

Според информациите од Англија, Алонсо ќе потпише четиригодишен договор, со кој ќе биде на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“ најмалку до 2030 година.

Алонсо е без работа откако доби отказ од Реал Мадрид, а претходно направи чудо со Баер Леверкузен. Алонсо беше во комбинација и за тренер на Ливерпул, но на крајот се одлучи за Челси.

Се вчитува...