Чаби Алонсо во јануари тргнува по ѕвезда на Барселона

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, бара од управата во зимскиот преоден рок кој започнува на први јануари 2027 година, да му ангажира дефанзивец по повредата на капитенот Рис Џејмс.

Според „Тимток“, изборот на Алонсо паднал на дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде.

Кунде повеќе од 18 месеци е на радарот на Челси, уште пред Чаби Алонсо да ја презеде екипата. Кунде е незадоволен од тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој не го става да игра на неговата омилена позиција, централен дефанзивец, туку по крилните бековски позиции.

„Тимток“ тврди дека веќе е остварен контакт меѓу претставници на Челси и на фудбалерот за да разговараат за можниот трансфер и подготвеноста на играчот за преселба уште во јануари.

Се очекува Барселона да бара најмалку 50 милиони евра за Кунде кој има договор со каталонскиот тим до 2030 година.

Се вчитува...