Кошаркарите на Чаир забележаа нова победа во домашниот шампионат откако денеска го прегазија Вардар на гостински терен со убедливи 81-107 во меч од 17. коло од Првата лига.
Гостите почнаа фуриозно од самиот старт и по десет минути игра веќе имаа убедливи 17-35. Како одминуваше мечот разликата само се зголемуваше, а по три четвртини гостите од Чаир имаа предност од 46-89.
Во последниот период Вардар успеа само да ја намали негативата за конечни 81-107. Убедливо најдобар поединец кај победникот беше Ајзеа Кели кој мечот го заврши со 26 поени, надополнети со 12 скока и седум асистенции. Кај поразените Христијан Настовски постигна 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА