Чалханоглу наскоро добива нов договор од Интер

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу потврди дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот.  Фудбалерот дојде во Интер од големиот ривал Милан, и кажа дека е среќен во тимот и дека сака да продолжи во „сино-црниот“ дел од Милано.

Актуелниот договор на Турчинот е до 2024 година. Оваа сезона Чалханоглу постигна четири гола и запиша осум асистенции во сите натпреварувања.

„Не е тајна дека сум среќен во Интер, се беше добро овде од првиот ден. Се чувствувам жив кога гледам како навивачите ни даваат поддршка. Ако зборуваме за договорот, веќе сме се договориле за се и сме многу блиску до официјалниот заклучок, со задоволство ќе продолжам да ги остварувам моите соништа во овој клуб, изјави Чалханоглу.

Се вчитува...