Чаневски и Дибиров во „тимот на месецот“ на СЕХА

СЕХА-лигата денеска го објави идеалниот тим за месец март, во кој традиционално има место и за членови на македонските претставници во регионалното натпреварување, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Голманот на „пелистерци“, Градимир Чаневски, е избран за најдобар голман во СЕХА за март, додека Тимур Дибиров од Вардар е најдобро лево крило во регионалното натпреварување.

Покрај Чаневски и Дибиров, место во овој „дрим-тим“ има и за десното крило на Загреб, Владо Матановиќ, левиот бек на Нексе, Халил Јагањац, десниот бек на Металопластика, Војислав Брајовиќ, како и за тандемот на Мотор, редниот бек Малашинскас и тренерот Савуникас.

Се вчитува...