Чаневски: Не се залетуваме по триумфот над Вардар, пред нас е уште работа за да дојдеме до посакуваното ниво

Голманот на Е. Пелистер, Градимир Чаневски е можеби најзаслужниот за победата на битолчани против Вардар во финалето на турнирот „Струга 2020“.

Чаневски бранеше извонредно во второто полувреме кога и се кршеше резултатот на натпреварот. Но, заслугите ги припишува на целиот тим, потенцирајќи дека пред Е. Пелистер е уште многу работа за да се дочека сезоната максимално подготвено.

„Најпрво сакам да им честитам на организаторите за храброста и одлучноста да повлечат чекор за одржување на турнирот во време од вирусот Ковид -19. Се беше организирано како што треба и заслужуваат чиста десетка“ – истакна Чаневски веднаш по синоќешното финале.

„Што се однесува до финалниот натпревар, покажавме тимска игра надополнета со голема борбеност. Советите од тренерот вродија со плод, задачите ги исполнивме максимално секој како што треба и победа е награда за сето тоа. Не се знае што ќе се случува понатаму со вирусот и натпреварувања, но ние уште ќе треба да тренираме и напредуваме за да го достигнеме нивото кое го посакуваме“ – дополни Чаневски.

Се вчитува...