Чави: Да ја победевме Алмерија ќе имавме историски најдобар резултат, но никој не зборува за тоа

Тренерот на Барселона, Чави рече дека успехот на „каталонците“ оваа сезона е потценет. Легендата на клубот а сега со тренерски ангажман, кажа дека ако Барселона издвојувала победа над Алмерија, тоа ќе бил најдобриот резултат во историјата во Шпанија, но дека никој не зборува за тоа.

Тој кажа дека неговиот тим ќе се бори да го елиминира Реал Мадрид од Купот, откако има голема предност и е пред освојување на титулата во Ла Лига.

„Имаме одлична можност. Конечно, го покажуваме менталитетот на тимот. Добро се бориме досега, и така ќе биде и против Реал Мадрид. Барселона сака да го покаже нашиот модел на игра и мислам дека сме на вистинскиот пат. Критика не ме засега. Играчите уживаат и имаат одлична сезона. Да победвме со Алмерија, по 23 кола ќе го имавме најдоб риот резултат во историјата на Ла Лига. Но, никој не зборува за ова. Пропуштивме голема шанса, и заслуживме критика, но во одлична ситуација сме и понатаму“, рече Чави.

Се вчитува...