Чави: Гави, Нико, сите … Барса има сјајна генерација

Барселона успеа некако да слави против Елче со 3-2 во натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига. Барса имаше предност од 2-0, по што гостите се вратија и израмнија на 2-2 за само една минута, но на крајот сепак со голот на Нико Каталонците стигнаа до трите бода.

Тренерот на Барселона, Чави по мечот ги пофали младите играчи на тимот велејќи дека имаат сјајна генерација.

„Видовте како одигра Гави денеска, фантистичен меч од негова страна. Иако играше брилијатно не е единствениот. Погледнете го Нико и сите останати млади фудбалери, можам сите да ги набројам. Неверојатна генерација ни доаѓа“, изјави Чави. 

Се вчитува...