Чави го „пецна“ Реал: Очекував посилен противник, можевме да дадеме повеќе голови

Тренерот на Барселона Чави, истакна дека е многу среќен по победата на неговиот тим над Реал Мадрид во „Ел Класико“ синоќа.

Барса со 0-4 ја совлада екипата на Реал Мадрид, а според предводникот на Барса, тимот можел да слави и поубедлив триумф.

„Одиграме одличен натпревар, и мислам дека можевме да постигнеме уште некој гол. Игравме многу добро. Тоа беше вечер за уживање, навистина сум среќен. Морам да признаам дека очекував потежок противник“, рече Чави.

Ова беше прво „Ел Класико“ на Чави како тренер на Барселона. Очигледен е напредокот на тимот под негово водство, а тоа се покажа и вчера откако неговиот тим му одржа лекција по фудбал на Реал и убедливо го совлада.

 

Се вчитува...