Чави го потпали „огнот“: Меси се враќа во Барса!

Лионел Меси ги одработува последните месеци од актуелниот договор со ПСЖ, а иако постоеја најави дека се договорени сите детали од новиот договор со „светците“, се појасно станува дека Аргентинецот уште нема решено дали да остане во Париз.

Враќањето назад во Барселона секогаш е сериозна опција за Меси, а на оваа тема проговори и тренерот Чави Хернандез, кој уште еднаш потенцираше дека вратата на Барса е секогаш отворена за аргентинскиот генијалец. Чави досега резервирано говореше на оваа тема, но во последното интервју отворено проговори дека би бил презадоволен доколку Меси се врати назад на „Камп Ноу“.

„Меси во Барселона… зошто да не? Тој најдобро знае што чувствува, конечната одлука ќе биде негова. Секако, Барселона секогаш ќе биде неговиот дом, тој знае дека вратата од клубот е отворена за него, особено ако јас сум тренер. Да видиме што сака да направи. Одлуката секако зависи од него, бидејќи Барселона како клуб секогаш ќе сака да го врати Меси назад“, изјави Чави.

Се вчитува...