Чави индиректно најави големо засилување за Барселона!?

По заминувањето на Серхио Бускетс, Барселона почна да го бара неговиот наследник а еден од кандидатите е и долгогодишниот фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.

Во последниот разговор со шпанските медиуми, и самиот Чави на некој начин го најави неговиот трансфер во Барселона.

„Разговарав со Кимих во Катар. Се сретнавме и ми рече е дека е мој голем фан. А, дали би дошол во Барселона? Има договор со Баерн, така да зависи од него. Погледнете го Левандовски, тој е пример на играч кој сакаше да дојде“ – истакна Чави.

Се чини со добра понуда од Барселона, Кимих лесно би можел да се одлучи за преселба во каталонскиот тим. Тој наводно и нема ништо против преселба во Барселона по сите оние случувања во Баерн Минхен изминатава пролет.

Се вчитува...