Чави искрен: Не заслуживме победа!

Барселона успеа да дојде до победа од 0-1 на гостувањето против Реал Сосиедад со гол во буквално последните секунди од натпреварот, но тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандес сосема искрено по мечот истакна дека воопшто не заслужиле три бода.

„Луѓето ги гледаат само резултатите, но не и ние. Минатата недела загубивме но одигравме многу добро, а денес мора да бидеме самокритични и да кажеме дека не игравме добро. Како оној пораз во  ‘Ел Класико’ да ни влијаеше негативно, па сега на моменти игравме дури и недозволиво неприфатливо. Сосиедад има многу силен среден ред и не заслужи пораз. Во секој случај оваа победа има голема вредност за нас во битката за врвот“ – истакна Чави, притоа дополнувајќи:

„Сепак, да победиш кога не играш добро е знак на шампионски менталитет. Мислам дека ќе ни ја врати самодовербата по тоа што се случи на ‘Ел Класико’.

Се вчитува...