Чави издвојува само еден играч: Тој треба да биде пример за сите!

Барселона утре против Кадиз сака да ја запише седмата лигашка победа во низа. Каталонците се со осум бода предност во однос на Реал Мадрид, но сака нови бодови за зацврстување на врвот.

„Не чека тежок противник, но ќе направиме се за нови бодови. Мора повеќе да го користиме Роберт Левандовски кој е секогаш опасен кога ја има топката кај себе“ – вели тренерот на Барселона, Чави притоа издвојувајќи го посебно Франк Кеси.

„Но, мора да издвојам само еден игра. Кеси ја чекаше својата шанса и сега е навистина значаен дел од нашиот тим. Тој може да биде пример за сите“ – дополнува Чави.

26-годишниот фудбалер од средниот ред минатото лето стигна во Барселона како слободен играч од Милан. Најпрво беше резерва, но сега е неизоставен дел од првиот тим, воодушевувајќи го Чави.

Се вчитува...