Барселона испушти значајни бодови во битката за шампионска титула во Ла Лига откако во 23. коло загуби на гостувањето кај Алмерија со 1-0. Стрелец на победоносниот гол за домашниот тим беше Туре кој стрелаше во 24. минута.
Незадоволството од поразот не го криеше тренерот Чави кој вели дека ова најлошиот натпревар на неговиот тим во сезоната и поради тоа мора да им се извини на навивачите.
„Бесен сум бидејќи го одигравме најлошиот натпревар во сезоната, посебно во првото полувреме. Мораме да им се извиниме на навивачите бидејќи целосно потфрливме. Не знам што се случи. Можеби сме многу уморни од испаѓањето од Лига Европа. Мораме да бидеме самокритични“, вели шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА