Чави ќе биде нов тренер на Јувентус?

Угледниот француски „Л’екип“, повикувајќи се на свои извори во Италија, пренесува дека фудбалскиот клуб Јувентус стапил во контакт со Чави Хернандез. Раководството на италијанскиот гигант не е задоволно од работата на Мота во клубот, па веќе размислува за негова замена.

Како што стојат работите, Јувентус оваа сезона ќе остане без титула, со тоа што моментално се наоѓа на петтото место на табелата со 16 бода помалку од лидерот Наполи, што е јасен знак дека нешто треба да се промени.

Според непишаното правило во вакви ситуации прво се менува тренерот, па не е ни чудо што почнале да размислуваат за смена на Тиаго Мота, поради што стапиле во контакт со поранешниот фудбалер и тренер на Барселона, Чави.

Тој летово се раздели со каталонскиот клуб и оттогаш не се занимава со тренерска работа. Челниците на Јувентус имаа неформален разговор со него, за да му го „почуствуваат пулсот“, но додека Мота не биде разрешен, официјално нема да му испратат понуда за работа.

Се вчитува...