Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 24 јануари, а еден од главните кандидати за наследник на Бартомеу е Виктор Фонт. Тој уште пред извесно време најави дека планира да ги врати клупските легенди како Чави, Иниеста и Пујол на „Камп Ноу“, а во интервју за БиБиСи неодамна откри и дека токму со помошта на Чави (се најавува како нов тренер) ќе го убеди Лео Меси да остане на „Камп Ноу“.
„Лео минатото лето сакаше да си замине, не му беше дозволено, така што логично е и сега да постои желба за такво нешто. Мојот став сепак е дека Меси на крајот ќе остане во Барселона. Разочаран е и целосно го разбирам, се чувствува така поради недостигот на вистински победнички проект, бидејќи Меси е играч што секогаш сака да победува. Откако ќе победиме, ние ќе му го презентираме нашиот проект, ќе види кои потези ќе ги повлечеме и верувам дека ќе се премисли. Веќе остваривме контакт со луѓе од неговата околина, не сме зборувале директно со Меси. Верувам дека Чави е вистинскиот човек да седне со него, да му ги објасни нашите планови и да го увери дека најдобро за сите е Лео да остане во Барселона до крајот на кариерата“, изјави Фонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА