Чави: Меси е најдобриот во историјата

Легендарниот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација Чави Хернандез, изјави дека неговиот некогашен соиграч Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Меси со хет – трикот во триумфот над Бетис од 4-1, го надмина рекордот на Чави од 476 победи со каталонскиот клуб, а го израмни и рекордот на Андрес Иниеста од 674 настапи.

„Секој ден тој е се подобар фудбалер. Неверојатен е. По мое мислење, Меси е најдобар играч во историјата“, рече Чави. 

Чави истакна дека Меси со својот квалитет, секој натпревар прави разлика на теренот.

„Во секој натпревар Меси прави разлика веќе дванаесет години. Играв со него и неговите квалитети се неверојатни“, додаде Чави. 

Меси и Чави беа соиграчи во Барселона единаесет години, а во тој период заедно освоија 24 трофеи. Моментално Шпанецот настапува за катарскиот Ал Сад, а е именувам и за глобален амбасадор за Светското првенство 2024 година кое ќе се одржи токму во Катар.

Се вчитува...