Чави нема пардон – Четири играчи на Барса ќе си заминат уште во јануари

Тренерот на Барселона, Чави избра четворица играчи со кои ќе се збогува во зимскиот преоден рок. Шпанскиот тим треба да го ослободи платниот список доколку сака да потпише договор со нов играч во јануари.

Според „Мундо Депортиво“, најпрво Барселона ќе бара начин да се раздели со напаѓачот Лук де Јонг, позајмен од Севиља. Доколку клубот не најде тим кој ќе го преземе договорот за позајмица, Каталонците ќе и платат казна на Севиља за предвременото враќање на играчот. Исто така, Барселона планира да го ослободи и играчот од средниот ред Филипе Кутињо, дури и земајќи го предвид фактот дека оваа зделка ќе му донесе големи загуби на тимот.

Шпанскиот клуб сака да се раздели со играчот поради неговата висока плата и игра која не се вклопува во тактиката на тимот. Останатите двајца играчи со кои Чави сака да се збогува во зимскиот преоден рок се дефанзивецот Самуел Умтити и голманот Нето.

Се вчитува...