Чави: Обезбедивме важна победа, Барса не планира да покаже бело знаменце во Ла Лига

Барселона ги обезбеди трите бода на лигашката пресметка против Елче која ја доби со резултат 2-1 и тоа откако направи целосен пресврт во второ полувреме.

Каталонците имаа неколку добри шанси во првиот дел, но откако не ги искористија стигна казна преку Фидел. Ова значеше дека во продолжението ќе мора да се вложи дополнителен напор што и се случи, гостите беа уште поконректни, тренерот Чави Ернандез ги погоди замените и токму резервистите Феран Торес и Мемфис Депај донесоа три значајни бода во битката за Топ 4, односно за место во Лигата на шампионите.

„Вложивме голем напор да победиме, ама не бевме ефективни како на претходните натпревари. Пеналот ни донесе важна победа за да продолжиме понатаму во борбата. Барса не планира да покаже бело знаменце во Ла Лига. Ние сме на третото место и се уште сме на вистинскиот пат, ја заслуживме оваа победата“, порача тренерот Ернандез.

Барса со 48 бода е на третата позиција пред Атлетико Мадрид и Бетис кои во моментов се најблиски против кандидати во трката за ЛШ.

Се вчитува...