Чави открива: Деле Али е желба на Гвардиола

Чави и Пеп Гвардиола играа заедно во Барселона, а нивната соработка продолжи и кога Пеп седна на клупата на каталонскиот гигант. Откако Гвардиола си замина од „Камп ноу“, неколку години подоцна Барселона ја напушти и Чави, кој остана во контакт со својот пријател, па во изјава за англиските медиуми откри и дел од трансфер-плановите на стратегот на Манчестер сити. А тие се максимално амбициозни – со оглед на фактот дека на врвот на листата со желби на Гвардиола се наоѓа Деле Али.

Често зборувам со Пеп на фудбалски теми и можам да кажам дека негов приоритет ќе биде да купи англиски играчи во текот на летото. Секако дека ќе бара и засилувања од другите лиги, но голема желба му е да состави шампионски тим од англиски фудбалери. Според она што го гледам, Деле Али е играч кој идеално би се вклопил во неговите тактички замисли и знам дека Пеп е многу заинтересиран за фудбалерот на Тотенхем. Него го бараат и други клубови ширум Европа, Тотенхем сигурно нема да сака да го продаде, но од друга страна знаете колку е моќен Манчестер сити на финаниски план, можеби ќе успее да се договори“ – открива Чави.

Покрај Деле Али, Гвардиола се интересира за уште еден Англичанец од Тотенхем, левиот бек Дени Роуз, за чии услуги веќе подготви и понуда од 25 милиони фунти.

Се вчитува...