Чави по ремито со Жирона: Не сум загрижен, и натаму сме во добра позиција

Барселона втор натпревар по ред не успеа да ја погоди противничката мрежа. После разочарувачкиот пораз од Реал Мадрид 0-4 во Купот, вчера Барса на свој терен одигра без голови со Жирона.

Тренерот Чави после натпреварот кажа дека не е разочаран од резултатот и дека тимот и натаму е во добра позиција да го освои првенството.

„Не сум загрижен. Ни остана само да ја освоиме Ла Лига и во добра позиција сме“, рече Чави и додаде:

„Одигравме добро, се обидувавме да постигнеме гол, недостасуваше завршница. Мислам дека заслуживме да победиме. Ако го земеме само резултатот нормално дека не треба да бидеме задоволни. Ние имаме 13 бодови предност на 10 меча до крајот. Некогаш треба да се соочиме и со тимови кои се борат за опстанок, а тие играат фанатично и одлично се бранат“, вели тренерот на Барселона.

Се вчитува...