Чави пред „Ел Класико“: Што е проблем ако победуваме со 1-0, па Барса така стана и европски шампион

Тренерот на Барселона, Чави, со нетрпение го очекува утрешното големо дерби против Реал Мадрид, меч во кој каталонците влегуваат со девет бода предност во однос на вечниот ривал, со можност со победа да ја запечатат трката за титулата.

Сосема неочекувано, минималните победи од по 1-0 станаа заштитен знак на Барса на Чави, но младиот стратег јасно стави до знаење дека конечниот резултат не му прави разлика се додека бодовите одат на контото на неговиот тим.

„Секако, повеќе ми се допаѓа да победиме со 4-0, дури и со 5-4, но не гледам што е проблем ако победуваме со по 1-0. Знаете дека Барса така стана и европски првак, со голот што го постигна Роналд Куман, во финалето во Сампдорија во кое до тој момент и немаше шанса за гол. Знаеме дека пред нас е тежок меч, Реал ќе настојува да ја има топката во посед и на тој начин да доминира, но ние веќе докажавме дека знаеме да го контролираме темпото, и кога ја имаме топката во свој посед но и кога таа е кај противникот“, изјави Чави.

Се вчитува...