Чави пред „Ел Класико“: Судиите никогаш не помогнале на Барселона, не сакам да победувам на нефер начин

Се е подготвено за нова мега-пресметка меѓу Реал Мадрид и Барселона, овојпат во рамките од „Копа деј реј“, првиот меч на програмата е утре вечер со почеток во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Тренерот на Барселона, Чави, се соочува со сериозни проблеми бидејќи не може да смета на тројцата најдобри фудбалери, Левандовски, Дембеле и Педри се повредени, поради што младиот стратег им ја препушта фаворитската улога на „кралевите“.

„Знаеме дека Реал Мадрид е исклучително тежок ривал, овој тим е актуелн првак на Шпанија и на Европа. Секогаш сум возбуден кога доаѓам на „Сантијаго Бернабеу“, да се победува таму е исклучително чувство. Знаеме дека ќе биде тешко, како домаќини тие се фаворити, но ние одиме за да победиме, да покажеме каков тим е Барселона. Ќе дадеме се од себе за да го освоиме и овој трофеј“, истакна Чави.

Тој се осврна и на најновиот скандал во кој е вклучен каталонскиот гигант, за наводното давање мито на поранешниот потпретседател на судиската комисија Негреира.

„Случајот Негреира? Судиите никогаш не помогнале на Барселона. Тоа е она што јас го мислам за она што се пишува. Јас лично никогаш не сакам да победувам мамејќи, на нефер начин“, прокоментира тренерот на Барса.

Се вчитува...