Чави пред првиот натпревар во ЛШ: Целта ни е да ја поминеме групната фаза

Новата сезона во Лигата на Шампионите за Барселона започнува на домашен терен каде каталонците ќе го угостат Антверп во натпревар во кој ја имаат фаворитската улога.

Говорејќи за медиумите пред утрешната средба тренерот Чави ги откри и целите на тимот, а тоа е пласман во разигрувањето, цел која треба да се оствари со оглед на противниците во групната фаза.

„Играчите се полни со ентузијазам, но тоа не треба да ни биде опсесија. Мораме да бидеме вистински тим и да го наметнеме нашиот карактер. Целта мора да биде да ја минеме групната фаза, а за подоцна ќе видиме. Лани во Европа игравме добро, но немавме добри резултати. Сега имаме посилен тим и мораме прво да покажеме дека сме подготвени да се натпреваруваме и да се бориме“, вели Чави.

Се вчитува...