Чави пред сензационален ангажман во Премиерлига!?

По новиот разочарувачки почеток на сезоната во кој Тотенхем потполно потфрли раководстово на премиерлигашот е подготвено за промена на тренерот Томас Франк, кој го превзема клубот минатото лето како голема надеж за започнува на жетва на трофеи.

По 16. коло во Премиерлигата ситуацијата сепак е сосема различна. Тотенхем е на 11. место на табелата па нема да биде изненадување доколку во следниот период му биде врачен отказ на Данецот, а неговото место го наследи Чави.

Легендата на Барселона е без ангажман по заминувањето од Барселона па е идеално решение и не само поради тренерските способности, туку и по статусот во светот на фудбалот со што раководството на Тотенхем смета дека ќе постави победнички менталитет во соблекувалната.

Се вчитува...