Чави: Предност од 11 поени не гарантира шампионска титула против Реал Мадрид

Барселона славеше во натпреварот против Вилјареал со 1-0 со што стигна до нови три бода и ја зголеми предноста во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата на 11 поени. „Кралевите“ имаат натпревар помалку по настапот на Светското клупско првенство, но мораат да се надеваат на големи киксеви на лутите ривали за да се вратат во игра за шампионскиот трофеј.

По натпреварот тренерот на Барселона, Чави не го криеше задоволството од новата победа, но додаде дека и покрај оваа предност не е решена дилемата за шампион на Шпанија.

„Ненадоместлива предноста во трката за титула? Никако. Има уште многу натпревари до крајот, а ривал ни е Реал Мадрид. Но, среќни сме. Играме добро и добро изгледаме за тоа говори и серијата на победи“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...