Чави се подготвува за клупата на Барселона: Откри и кои фудбалери би ги довел

Легендарниот Чави Хернандез призна дека би сакал наскоро да ја преземе клупата на Барселона. Изминатава зима имаше можност да се врати во каталонскиот клуб по отказот за Валверде, но тогаш одби затоа што не сакаше да прифати предизвик додека сезоната е во тек.

Од Барселона и по тоа нагласија дека вратата на клубот за него и натаму е отворена. Сега во разговор со шпанските медиуми Чави признава дека би сакал да се врати како тренер на Барселона, надевајќи се дека тој ден набрзо ќе дојде. А, веќе и размислува што би направил кога би го презел кормилото на каталонскиот тим.

„Би довел крилен напаѓач како Нејмар. Не знам дали тоа финансиски ќе биде можно поради кризата која не чека, но без сомнеж би бил фантастично засилување. Не и требаат на Барселона големи промени, туку само крилни напаѓачи како Санчо или Гнабри“ – вели Чави, кој очигледно веќе се подготвува за својот нов вистински тренерски предизвик.

Се вчитува...